ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 80 години од ослободувањето

Со повеќе настани на кои ќе присуствуваат претставници на локалната и централната власт денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

По овој повод на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.

Advertisements

Исто така, делегации од Градот и од Собранието во чиј состав ќе бидат Дијан Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани и пред споменикот „Ослободители на Скопје“, во кругот на заградата на Владата на Република Северна Македонија.

Традиционално, на свечена академија ќе биде доделена наградата „13 Ноември“, а настанот ќе се одржи во 19 часот во Филхармонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button