ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје под вода од вчерашното невреме

Вака изгледаше Скопје вчера по поројниот дожд.

Возила заглавени во вода, поплавени подруми и гаражи, урнати столбови за струја, оштетени покриви и возила од паднати гранки.

Само во последните 24 часа Центарот за управување со кризи имаше рекорден број повици за оваа година и тоа 2778 повици за различни случаи. Најголем број повици имало од Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, Гази Баба, Аеродром и Карпош.

„Од нив, 57,16% се „реални“ повици, а 42,84% за други не толку итни потреби на граѓаните. 34,48% беа препратени во полиција, 15,27% во Итна медицинска помош а 2,63% кај пожарникарската служба“, соопштуваат од ЦУК.

Од ЦУК порачуваат да се следат препораките за превенција и за вонредни ситуации. Граѓаните да се подготват и за други временски непогоди. Покрај Скопје, невремето и поројниот дожд вчера зафатија и многу други градови во земјава. Во Куманово имаше најмногу врнежи од дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека за време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, додека дождот ќе се врати од средината на следната недела

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button