ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје продолжува да добива поддршка од Брисел за почеток на преговорите во текот на годинава

Fatlume Dervishi

Advertisements

Европратениците Андреас Шидер и Илхан Ќучук ја потврдија својата поддршка за почеток на интегративните преговори со Северна Македонија што поскоро. Ставовите беа повторени на средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел. За министерот Османи, со завршувањето на изборите во двете земји се создадоа услови повторно да се фокусира заложбата за изнаоѓање решение.

„Општиот заклучок е дека декември е можност да се надминат разликите и да се отпочнат долгоочекуваните разговори за Северна Македонија. Се разбира, нема да биде лесно, но го прави придонесот на сите уште понеопходен“.

За време на дводневниот престој во Брисел, Османи се сретна и со комесарот за проширување Оливер Вархеји, кој е силен поддржувач за почеток на преговорите со Скопје.

Во меѓувреме, Северна Македонија е насочена кон Софија и тамошните политички случувања. Кирил Петков, копретседателот на партијата која победи на изборите во недела, „Продолжуваме со промените“, најави дека денеска почнуваат преговори со политичките партии за формирање мнозинство. Комуницирал со некои од лидерите на помалите партии а најавил дека ќе има и лидерски средби.

Како што изјави претходно за медиумите, Петков смета дека нема да има проблем со коалициските партнери за прашањето со Северна Македонија. Тој планира да го третира тоа како прашање со приоритет. Неговите досегашни изјави се сметаат за охрабрувачки. Запрашан дали има притисок од САД, тој додава дека нема кој да го добие на телефон и да каже направете го ова.

„Единствен начин некој да не принуди на нешто е да не убеди дека тоа е најдобро за Бугарија. Тие не можат да влијаат на кој било начин. Ако не се излезе со тимови кои ги знаат и предностите и проблематичните точки, нема начин да се дојде до конечно решение“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button