ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје се гуши во загаден воздух, апел да не се палат бадникови огнови

Скопје се гуши во загаден воздух, апел да не се палат бадникови огнови

Скопје останува меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, а во последните 24 часа во одредени периоди го собори рекордот рангирајќи се на прво место на листата на швајцарската мерна компанија, со индекс на загаденост 208, оставајќи ги зад себе Делхи во Индија, Дака во Бангладеш и градот Лахоре во Пакистан.

Advertisements

За состојбата со загадениот воздух во главниот град веќе неколку дена се обвинуваат политичките партии.

Од СДСМ велат дека ВМРО ДПМНЕ и Левица го скратиле буџетот на град Скопје за заштита на животната средина за 44 отсто.

Од ВМРО ДПМНЕ возвратија обвинувајќи ги СДСМ дека во централната власт седум години не направиле ниту еден важен проект за намалување на аерозагадувањето.

„Во буџетите во изминатите години се потрошени 20 милијарди евра и немаат реализирано ниту еден проект за намалување на аерозагадувањето. Скопје се гуши поради неодговорноста и криминалноста на СДСМ и Арсовска. На тајните средби на Ковачевски и Арсовска, наместо да се договараат тендери и поволности, нека договорат мерки за почист воздух“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во пресрет на Бадник, МПЦ, партиски претставници и еколошки активисти апелираат да не се палат огнови.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button