ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес

Пред 59 години земјотресот што го погоди Скопје,го разори градот. Загинаа повеќе од 1000 луѓе, повредени беа 4000 а 200 илјади останаа без своите домови. Денес, речиси 6 децении подоцна, Михаил Гаревски, директор на Институтот за сеизмички отпорни градби вели дека граѓаните се слабо информирани како треба да реагираат кога ќе се случи земјотрес и најголем дел се повредуваат при обид да го напуштат објектот.

Advertisements

Истото мислење го дели и универзитетскиот професор Енис Јакупи. Според него, во последните години има се повеќе квалитетни градби .

„Треба да ја зголемиме одговорноста, односно контролите на квалитетот. Во Законот за управување со управни постапки е нагласено дека одговорноста паѓа на последниот кој го потпишал, но одговорноста е поголема и на оние кои го проектираат, односно го градат објектот. Би рекол дека по закон идејната одговорност за начинот на градба паѓа на инспекторот, односно на градежниот инспекторат. А, колку ова го прават инспекторите на терен, би рекол дека тоа е посебна тема“, вели Јакупи.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button