ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Скопје трет најзагаден град во Светот!

Скопје на неколку минути пред 12:00 часот денот го минува со индекс на загадување од 170, со што на платформата Ај-кју-ер е ставен на трето место на листата на најзагадени градови во светот.
Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.
Главен загадувач што е наведен се ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 79,5 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми на кубен метар.
Според упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 15,9 пати поголема од годишната вредност.