ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје, утре без јавен превоз

Скопје, утре без јавен превоз

Од понеделник повторно хаос во градот Скопје со јавниот превоз. Јавен превоз ќе има само за лица со посебни потреби и 10 автобуси со кои ЈСП има договор со училиштата и општините за превоз на ученици. Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие до полициската станица „Беко“ доставија известување дека штрајкот го започнуваат од утре.

Advertisements

Претставници на синдикатот на ЈСП заедно со вработени во јавното сообраќајно претпријатие утре ќе застанат пред влезот на градското собрание на Скопје за да го изразат својот револт што не се изгласани субвенционциите за буџетот на ЈСП за 2024 година.

„Многу им се извинуваме на учениците, родителите и училиштата, но ние не сме виновни, кога тие не сакаа ние три дена баравме состанок, што сме ние виновни, кога не ги интересираат учениците. Доколку утре не се донесе одлука за субвенции, нема да продолжиме со работа“,  Африм Муча, претставник на синдикатот ја ЈСП.

Сето ова е последица на неизгласувањето на субвенциите за ЈСП од страна на Советот на Град Скопје. За утре во 11:00 часот е планирано да се одржи четвртата седница на Советот на Град Скопје за субвенционирањето на ЈСП, а дотогаш останува да се види дали ќе се гласа за субвенцијата за ЈСП или ќе го продолжат штрајкот во следните денови./Алсат.мк

Авни Тахри.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button