ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје утринава во десетката најзагадени светски градови

Утринава, според списокот на светски најзагадени градови, Скопје го држи десеттото место со индекс на загадување 161. Во моментов, според платформата „Ај-кју ер“, во Скопје се измерени 74,3 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а ПМ 10 честичките се со концентрација од 107,1 микрограми на кубен метар. Концентрацијата на  ПМ 2,5 во Скопје во моментов е 14,9 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Advertisements

Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Центар, Гази Баба, како и таа кај гимназијата „Нова“.
Утринава Скопје, според високиот индекс на загаденост, е во десетката светски градови, а од Европа и Балканот со него е само градот Сараево, кој утринава е на второто место со индекс на загадување 195.

На листата се и Лахор, Делхи, Бишкек, Кувајт, Вухан, Карачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button