ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје заглавено во долгови, но повторно ќе менува имиња на улици

Градот е заглавен во долгови, ама проекти ќе има за сите општини во Скопје, уверува градоначалничката на Данела Арсовска. На брифинг со новинарите таа денеска наведе дека од 1 јануари ќе се реализираат и проектите за кои има склучени договори од претходното раководство. Денеска на Советот на Градот започна дебатата за предлог-буџетот за 2022 година кој тежи 102 милиони евра. Пари ќе има и за аерозагадувањето.

Advertisements

„…Имаме можности како градско раководство, меѓутоа и вие како Градски совет да делуваме да донесеме еден сет на комплементарни мерки коишто ќе бидат нешто коешто ќе помогне во наредниот период. Навистина да се реши проблемот со аерозагадувањето.“

Догодина е најавен проект за бесплатен превоз, но тој ќе важи во одредени денови за одредена категорија граѓани. Од градскиот буџет ќе се одвојат околу 390.000 евра за субвенции при купување инвертери, а со околу 240.000 евра ќе се субвенционира купувањето еколошки транспорт, како електрични тротинети и велосипеди. Не се знае дали ќе бидат исти условите за аплицирање како и досега.

„Поединечните суми не ги знам како е за едно домаќинство, тоа пак го уредува Градот Скопје. Но, вкупната сума е зголемена.“

Инаку, денеска советничката на ВМРО – ДПМНЕ Марија Андоновска побара да се поништи одлуката за враќање на старите имиња на улиците. Тоа значи дека советниците повторно ќе расправаат дали да се сменат имињата на улиците, како Ленинова, Водњанска, Мексичка и некои други, кои ги изгласа претходната градска администрација.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button