ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жалбата одбиена, Мијалков останува во Шутка

Апелациониот суд ја одби жалбата на Сашо Мијалков. Тој останува во притвор на жалба иако се жалеше и од повиоскиот суд бараше поблага мерка – куќен притвор кој му беше во сила пред да биде осуден на 12 години затвор во случајот „Таргет – Тврдина“. Мијалков во притвор е од 26 – ти февруари, кога обвинителката Ленче Ристовска побара домашниот притвор да му се замени со ефективен притвор поради сомнеж дека поранешниот директор на тајната полиција може да избега. Мијалков во случајот „Таргет – Тврдина“ не може да остане во притвор повеќе од два месеца. Тоа е така бидејќи против него е поднесен обвинителен предлог за кого може да се одреди притвор, но не повеќе од 60 дена од денот кога е донесена пресудата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button