
Иако не сме во екот на туристичката сезона, во скопската чаршија не недостасуваат туристи.
Меѓу првите што ги сретнавме беа посетители од Франција, кои по посетата на Попова Шапка во Тетово, застанаа да уживаат во кафето и знаменитостите на скопската чаршија.
„Одбрав да бидам овде бидејќи скијав на Попова Шапка. Тоа беше добра авантура.. Имавме пријател кој беше овде минатата година и не информираше, секогаш бараме да правиме различни авантури далеку од дома. Дали ќе ги советувате другите пријатели да ја посетат вашата земја? Дефинитивно, добро се забавував“, рече еден посетител.
„Дојдовме на скијање, јас бев овде минатата година и мене ми препорача пријател, јас сум скијачки водич во Франција и донесовме клиенти овде да скијаат и да споделат различни искуства„, нагласи друг посетител.
Иако овој период се поретки странските посетители, тие сепак не изостануваат, а особено за време на викендот, чаршијата е преполна со посетители.
„По нова година во мојата продавница најчесто доаѓаа германски и италијански посетители, но имаше туристи и од Балканот. Тие најчесто доааѓаат за време на викендот„, рече Јасин Амети, сопственик на бизнис.
„90% се од Турција, но има и Малезијци, Хрвати и Бугари, а преку лето, има и Полјаци, Чеси и Словенци“, рече еден сопственик на бизнис.
Чаршиските дуќани главно зависат од странските посетители, особено малите дуќани кои продаваат сувенири на туристите кои едвај ги покриваат трошоците во зима. Последните податоци на Заводот за статистика поврзана со туристите датираат од периодот јануари-ноември минатата година. Споредено со истиот период лани, бројот на туристи е зголемен за 20,9%./Алсат.мк
Авни Тахири