МАКЕДОНИЈА

Скопски Комуналец ги бркаше вработените, па сега ќе ги враќа на работа!

Незаконски се отпуштени 32 вработени во скопското Јавно претпријатие „Комунална хигиена “. Ова е констатирано од страна на Државниот трудов инспекторат по извршениот увид во институцијата со која раководи Косана Мазнева. Според инспекторите, не постои основ за нивно бркање од работа. Сојузот на синдикатите на Македонија, очекува Управниот одбор на Јавното претпријатие веднаш да донесе одлука со која ќе ги поништи решенијата за отпуштање и веднаш ќе ги врати на работа. Овие лица беа избркани со поддршка и на градоналничката на Скопје, Данела Арсовска во екот на протестот на комуналците за поголеми плати и враќање ан работа на неколкумина отпуштени колеги.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button