ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопското обвинителство постапува во врска со нападот на новинарската екипа на ТВ Алсат

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје информира дека постапува во врска со денешниот инцидент во скопско Визбегово, каде што физички беше нападната новинарска екипа од ТВ Алсат за време на теренско известување за големиот пожар кој избувна на дивата депонија.

„ОЈО Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи и со Здружението на новинари, со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа на Телевизија Алсат е нападната и спречена да ги извршува своите службени задачи и да известува за пожарот во Визбегово“, информираа попладнево од Обвинителството.

Advertisements

Оттаму додаваат дека јавен обвинител ќе издаде и наредби и насоки за испитување на причините за избувнување на пожарот и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или животната средина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button