СВЕТ
Скоро пола Киев нема вода по последните руски напади
Скоро пола Киев нема вода по последните руски напади

Четириесет отсто од жителите на Киев останаа без вода, соопшти вечерва градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.
Руското Министерство за одбрана претходно денеска ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на Украина, како и врз воени инсталации, извршени со прецизни проектили истрелани од авиони-бомбардери и од воени бродови.