
Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за јануарскиот мундијал што нашиот национален тим ќе го игра во Вараждин, а селекторот Кире Лазаров се реши да го скрати списокот на почетокот од новата година.
Во однос на оние кои настапија на подготвителните средби во Стара Пазова, од комбинација за настап на СП отпадна Михајло Младеновиќ. Бекот на Алкалоид кој важи за специјалист во одбраната нема да продолжи со тренинзи во наредниот период, а се очекува сите останати ракометари да отпатуваат за Хрватска, на завршната фаза од подготовките и потоа настапот во групната фаза во Вараждин.
За потсетување, Македонија е дел од групата Д што ќе се игра во Вараждин, и го отвора мундијалот со дуелoт со Унгарија на 15 јануари, два дена подоцна се среќава со Холандија, а за 19 јануари е закажан мечот со Гвинеја.
Првите три селекции од оваа група ќе се пласираат во главната фаза што повторно ќе се игра во Вараждин, заедно со трите најдобри репрезентации од групата Ц каде се наоѓаат Франција, Катар, Австрија и Кувајт.