Скратени часови во дел од училиштата во Тетово

Поради недостаток на топлина, некои училишта во Тетово работеа со скратено работно време. Од образовниот сектор на општина Тетово велат дека оваа состојба денеска е надмината.
„Имавме одредени ограничувања во основното училиште „Андреа Савески Ќиќиш“ и во средното медицинско училиште бидејќи цените на нафтата се енормно зголемени“, вели Назми Даути. Раководител на сектор за образование.
Вчера едно од училиштата со најголем број ученици „Истигбал“ имаше проблем со недостиг на гориво, но денеска состојбата е нормализирана, исто како и во средното медицинско училиште.
„Вчера се снабдивме со нафта во Централното училиште „Истигбал“, исто така во училиштето во Гајре испративме дополнителни пелети бидејќи законот е до 15 април и доколку до овој ден температурите се под осум степени мора да обезбедиме услови за учениците”, рече Реџеп Алили – Директорот на ОУ . „Истигбал.
„Најдовме начин да се снабдиме со нафта и моментално немаме проблем, но верувам дека нема да имаме проблем во иднина бидејќи сме во последната фаза од зимската сезона“, изјави Биназ Пајазити – директор на СУ за Медицина.
Во Тетово има вкупно 12 основни училишта и пет средни училишта кои главно се греат со нафта. Во повеќето од нив, според информациите што ги добивме од Секторот за образование, резервите на нафта се при крај, па од вчера почнаа да отвораат тендери за снабдување со гориво, за да се помине зимската сезона.
Башким Сулејмани