ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Скрининг во основните училишта, поради голем број заразени деца од ковид-19

Денеска започнува скринингот во основните училишта каде што е зголемен бројот на новозаболени од ковид-19. Тоа беше аларм за иницирање скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците, соопшти Комисијата за заразни болести. Брис ќе се зема во училиштата, по случаен избор со согласност на родителите на учениците.
„Обезбедени се тимови и здравствени работници кои ќе почнат со скринингот за во основните училишта“, изјави портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Mехмедовиќ. Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде што ситуацијата е помирна.