ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

СКСЗМ: Компаниите кои доброволно ветија пониски цени во Новогодишната кошничка, да го одржат зборот

Компаниите кои доброволно се согласија дека ќе ги намалат цените на основните прехранбени производи во рамки на Новогодишната кошничка, да си го одржат зборот и да не го прекршуваат ветеното, апелира Стопанската комора на северосападна Македонија (СКСЗМ).

Advertisements

Комората досега нема потврда дека некои од нејзините членки не се придржуваат до оваа мерка и дека направиле какви било зголемувања на цените надвор од договореното.

-Компаниите што предложија сами, самоволно, без никаков притисок, треба да се придржуваат кон тој предлог, да ги почитуваат предлозите и мерките што ги креиравме заедно со Владата. Не можеме да знаеме 100 отсто, но засега немаме информации дека некои наши членки не се придржуваат до мерката. Имаме и Управен одбор кој ни кажува дека нема такви промени. Ние само можеме да апелираме до нашите членки кои дале збор до 15 јануари да ги држат тие цени, да се придржуваат на тој предлог. Бевме со нашите членки заедно во Владата добороволно да дадат предлози за намалување на некои основни артикли. Тоа се случи. Верувам дека треба така и да постапат. Сме за тоа дека дадоа збор дека до 15 јануари и дека ќе се придржуваат на зборот што го дадоа. Верувам дека компаниите што предлагаа, ќе се придржуваат на тоа и тоа ќе биде најдобар начин за понатаму да имаме такви акции за која било кошничка, изјави денеска петседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button