ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Слаб интерес за стручните училишта и во вториот уписен рок

И покрај интензивната кампања, одредени стручни училишта останаа со мал број на примени ученици за новата учебна 2024/25 година. Илире Мисини, професорка во училиштето „Димитар Влахов“ вели дека и во вториот рок од пријавувањето интересот на учениците не ги исполнил очекувањата на раководителите на училиштето. Таа додаде дека помал интерес се покажува во паралелките со настава на албански јазик.

„Верувам дека тоа е горе-долу влијанието на општеството, но и еден вид недостиг на свест во однос на стручните училишта, стручните насоки и важноста на овие насоки. Главно има слободни места за техничар за храна, има 22 слободни места. Слободни места има и во естетика, козметички техничар слободните места за фризер се речиси пополнети“, рече Илире Мисини, професорка во СУГС „Димитар Влахов“.

Во меѓувреме, дел од учениците кои веќе завршиле средно стручно образование велат дека освен што научиле занает, веќе обезбедиле и работа.

Полуматурантите годинава пројавија поголем интерес и за гимназиите, медицина и информатика. Во меѓувреме, на пазарот на трудот се бараат струки како машински, електротехника, градежништво и други.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button