ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Слаб интерес за стручните училишта и во вториот уписен рок

Слаб интерес за стручните училишта и во вториот уписен рок

И покрај интензивната кампања, одредени стручни училишта останаа со мал број на примени ученици за новата учебна 2024/25 година.

Во меѓувреме, дел од учениците кои веќе завршиле средно стручно образование велат дека освен што научиле занает, веќе обезбедиле и работа. Полуматурантите годинава пројавија поголем интерес и за гимназиите, медицина и информатика. Во меѓувреме, на пазарот на трудот се бараат струки како машински, електротехника, градежништво и други.

„Верувам дека тоа е горе-долу влијанието на општеството, но и еден вид недостиг на свест во однос на стручните училишта, стручните насоки и важноста на овие насоки. Главно има слободни места за техничар за храна, има 22 слободни места. Слободни места има и во естетика, козметички техничар слободните места за фризер се речиси пополнети“, рече Илире Мисини, професорка во СУГС „Димитар Влахов“. Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button