ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Славески и Арсовска повторно со меѓусебни обвинувања за градскиот превоз

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески денеска преку соопштенија до медиумите со меѓусебни обвинувања за тоа кој е одговорен во врска со неставањето на дневен ред на точката за барањето на приватните превозници за зголемување на тарифата за изминат километар, во рамките на системот на јавен превоз на територијата на главниот град.

Advertisements

Приватните превозници од денеска не сообраќаат, а во сообраќај се само автобусите на ЈСП. Во изјава за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозниците вчера рече дека денеска нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, а одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои вчера попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на вчерашната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Арсовска, откако вчера преку соопштение му одговори на Славески дека дава поддршка да ја стави точката за приватните превозници на дневен ред на седница, денеска повторно преку соопштение наведува дека се прават обиди за креирање нова политички мотивирана криза, поврзана со јавниот превоз во Скопје.

На ова реагираше претседателот на Советот на Град Скопје, кој исто така преку соопштение нагласи дека градоначалничката Арсовска повторно без трошка срам лаже и манипулира со членовите на Советот и со македонската јавност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button