ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Славески: „Нотарските дозволи преку посредници се продавале за суми кои достигнуваат стотици илјади евра“

Славески: „Нотарските дозволи преку посредници се продавале за суми кои достигнуваат стотици илјади евра“

Поранешниот министер за финансии Трајко Славески вели дека има решение за нотарските давачки кои секојдневно се повеќе се товар за граѓаните. Коментирајќи го поништувањето на одлуката за зголемување на нотарските услуги од страна на министерот за правда Филков, вели дека оваа одлука била донесена тајно од поранешниот министер Љога. Славески вели дека решението би било да се намалат услугите до 50 отсто и да се донесе нова регулатива со која ќе се амнестираат сите нотари кои потврдуваат дека ја купиле лиценцата и од кого ја купиле. Поранешниот министер за финансии Славески вели дека нотарските дозволи преку посредници се продавале за суми кои достигнуваат стотици илјади евра.

Advertisements

Според Славески, постои начин да се биде попаметен од оние кои ја креирале оваа шема.

„Мојот предлог е овој: цените на нотарските услуги да се намалат за најмалку 50%, до крајот на годината. Да се донесе законска регулатива со која се амнестираат сите оние нотари кои ќе признаат дека лиценцата ја купиле легално и ќе покажат на кого му ги дале парите. Креаторите на оваа срамна шема треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Славески вели дека од средствата собрани со конфискацијата на нивниот имот може да се обештетат нотарите кои помогнале да се открие корупцијата во случајот со издавање на нотарски дозволи. Засега нема реакција од поранешниот министер за правда Лога . Актуелниот министер Филков ја отфрли можноста за истрага за доделувањето лиценци во последните 4 години од страна на Министерството за правда. Со промената на регулативата за нотарски такси, условите за добивање на нотарска дозвола не се променети, иако на такво нешто предупреди и претходната Влада во контекст на расправата за законските измени во Законот за нотаријатот и Законот за Извршители. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button