ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Славески: За првпат во нашата историја просечната пензија пониска од минималната плата

Просечната пензија за првпат во историјата на нашата држава е пониска од минималната плата, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат поранешниот министер за финансии и актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески. Како што оценува тој, во една таква ситуација, помошта за пензионерите од 1.000 денари во следните месеци е само залажување.

Advertisements

„За првпат во нашата историја дојдовме во ситуација просечната пензија да биде пониска од минималната плата и од тука овие 1.000 денари за пензионерите во наредните три месеци се само залажување“, рече Славески.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button