ВЕСТИРЕГИОН

Слави Трифонов го враќа мандатот за формирање влада во Бугарија

Лидерот на втората по големина политичка сила во Бугарија по изборите – „Има таков народ “, Слави Трифонов на Фејсбук објави дека неговата партија ќе го врати мандатот за формирање влада, бидејќи нема потребен број пратеници или партнери за да обезбеди стабилен парламентарен состав за мнозинство. „Понудената поддршка е од политички субјекти кои се штетни, алчни и докажано дека се компромитирани.

И ова не е нивна поддршка, туку зависност“, наведе Трифонов. Новите партии во парламентот – „Демократска Бугарија“ и „Исправи се! Мафијата надвор“ – прогласија подготвеност за поддршка на кабинет со мандат на „Има таков народ“, но тие не можат да обезбедат мнозинство од најмалку половина од пратениците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button