ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Следната година 11 неработни денови за сите

Први јануари – сабота е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги објави сите неработни денови во 2022 година. На стартот на годината освен први, неработен ден за сите граѓани е и седми јануари кога се прославува православниот празник Божиќ, Раѓањето на Исус Христос. Претходниот ден или шести јануари, Бадник е неработен ден за православните. Следен неработен ден е 19 ти јануари Водици, кога ослободени од работа се православните верници. Во текот на идната година има 11 неработни денови кои важат за сите граѓани.

Advertisements

„Во 2022 година има и пет неработни денови за граѓаните од православната вероисповед. Три неработни дена имаат граѓаните од католичката вероисповед. Граѓаните од муслиманската вероисповед имаат еден неработен ден, а еден имаат и граѓаните припадници на албанската заедница во државата. Исто така по еден неработен ден имаат и граѓаните од српската, ромската, влашката, еврејската, бошњачката и турската заедница“, наведуваат од МТСП.

Од државните институции информираа дека во текот на законски утврдените неработни денови, нема да може да даваат услуги на граѓаните и ги советуваат сите потребни работи да си ги завршат во текот на работните денови. Истото важи и за банкарскиот сектор, како и за останатите административно-финансиски институции.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button