ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Следната недела дебата за пензионирањето

Предлог законот за задолжително пензионирање на 64 години ако работникот имал барем 15 години стаж е ставен на листа на чекање во Собранието. По две одложени комисиски расправи поради приоритетни седници, првата комисиска расправа пратениците ќе ја одржат следната среда. Опозициските партии имаа резерви кон законот.

„Привична наша дилема е дали навистина сака да се спроведе едно масовно пензионирање на административниот кадар, односно кратење на администрацијата или пак, се има намера да се товарат партиски војници? Исто така отворено прашање е дали фондот за пензиско може да го апсорбира овој наплив на пензионирани лица?“, вели Благица Ласоска-пратеничка на ВМРО ДПМНЕ.

Од Алијанса за Албанците велат дека законот ќе добие нивна поддршка бидејќи се соочуваме со одлив на млади граѓани од државава, додека со ослободувањето на нови работни места ќе се стимулираат младите да останат во земјава.

„….Ги знаеме потешкотиите на пензискиот фонд сега со законот се очекува да има уште еден финансиски притисок, но од друга страна се обидува да се создадат нови работни места“, рече Елми Азири- пратеник на Алијанса за Албанците.

Според предлог законот, задолжителното пензионирање ќе се однесува на сите кои наполниле 64 години и имаат работен стаж од минимум 15 години. Исклучоци ќе има само за вработените во високото образование и за здраствените работници кои ќе можат да продолжат да работат и по наврушување на 64 години, доколку сакаат. Според официјалните податоци, доколку се донесат измените во законот, околу шест илјади лица би требало да се пензионираат ако претходно некои од нив до минатиов август не побарале да продолжат да работат уште една година.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button