ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Следната недела во Скопје доаѓа бугарската министерка за надворешни работи Генчовска

На 23 и 24 март во Скопје доаѓа министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, на 23 и 24 март во Скопје, најави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Advertisements

Како што кажа на денешниот брифинг, Османи на Дипломатскиот форум во Анталија имал средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, со кого разговарале за случувањата во Украина, ангажманите на двете држави визави војната таму, но најголемиот дел од средбата посветиле на нашите политички разговори и отворените прашања.

„Разговаравме за сите точки, констатиравме дека навистина треба да се донесат одлучни одлуки во овој период заради тоа што очигледно прашањето на европското проширување станува сериозно безбедносно прашање за регионот и за ЕУ и секоја земја членка има одговорност кон безбедноста на регионот, но и кон безбедноста на целиот континент. Значи, веќе не е прашање само на кредибилитетот на ЕУ, туку е безбедноста на регионот и ова се сведува во оваа ситуација пред сè на европска безбедност, процесот на проширување односно комплетирање на ЕУ“, рече Османи.

Тој истакна дека разлики се уште постојат, но исто така дека се прават обиди да се дојде до прифатливи решенија за двете страни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button