Следниот месец меѓувладини конференции со Албанија, Србија, а можеби и со Македонија
Следниот месец меѓувладини конференции со Албанија, Србија, а можеби и со Македонија

Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, рече дека целта е во октомври да се одржат меѓувладини конференции со Србија, Албанија и евентуално со Северна Македонија.
„Со Србија, Албанија и евентуално со Северна Македонија, нашата цел е да одржиме меѓувладини конференции следниот месец”, рече Оливер Вархеји, комисионер за проширување.
На конференцијата за Заедничката надворешна и безбедносна политика (CFSP) и Заедничката безбедносна и одбранбена политика (CFSP) во Будимпешта, како што известува МИА, Вархеји додал дека Белград и Приштина треба да го продолжат дијалогот за да напредуваат на патот кон ЕУ- на.
Во однос на резултатите од политиката на проширување на Европската комисија, Вархеји укажа на неодамна одобрениот План за раст за Западен Балкан, кој ги поставува основите за спроведување на постепена и побрза интеграција, со цел партнерите да бидат подобро подготвени за процесот на членство.
„Оваа невидена понуда од дополнителни шест милијарди евра финансиска поддршка за Западен Балкан има за цел да го поттикне социо-економскиот развој и зближувањето на регионот на ЕУ и треба да ги обезбеди придобивките од членството уште пред пристапувањето. Истовремено ја промовира економската интеграција во регионот преку заеднички регионален пазар“, додаде Оливер Вархеји, комисионер за проширување.
Вархеји додаде дека Планот за раст треба да ги забрза реформските процеси во Западен Балкан и истакна дека сите партнери ги претставиле реформските агенди кои опишуваат како и кога треба да бидат завршени реформите потребни за влез во ЕУ./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши