ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Следниот месец се очекува да биде пуштена во употреба новата зграда на основното училиште во селото Бањица во општина Чашка

Следниот месец се очекува да биде пуштена во употреба новата зграда на основното училиште во селото Бањица во општина Чашка

Следниот месец се очекува да биде пуштена во употреба новата зграда на основното училиште во селото Бањица во општина Чашка. Повеќе од 90% од градежните работи се веќе готови, велат од Општина Чашка и Министерството за образование. Горан Стојановски, градоначалник на Чашка, рече дека во моментов е во тек тендерската постапка за уредување на училишниот двор.

Advertisements

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека инвестицијата за новата училишна зграда изнесува 6,6 милиони денари. Таа додаде дека и надзорот е при крај.

Во новиот училишен објект наставата ќе се изведува на албански јазик за учениците од прво до петто одделение. Во меѓувреме, во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, албанските ученици од трето до деветто одделение продолжуваат да учат на македонски јазик поради недостаток на албански паралелки./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button