ЗАБАВА

Слобода на медиумите, Ковид-19 и клиентелизмот ја отежнуваат работата


На светскиот Ден на слободата на медиумите, новинарите и другите медиумски работници се соочуваат со предизвикот да известуваат од првите борбени редови во битката против коронавирусот. Од Здружението на новинарите на Македонија велат дека во услови на корона-криза уште еднаш се покажало колку се важни медиумите за функционирањето на општеството, но посочуваат и дека во вонредна состојба слободата на новинарите на некој начин е ограничена.

Голем дел од институциите коишто во нормални услови би лиферувале информации како што треба, сега практично, вадејќи се на моментот дека немаат доволно луѓе или работат од дома, едноставно не дозволуваат да се допре до подетални и позначајни информации.“-изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.

Чадиковски посочува дека Македонија со 92-то место на листата на Репортери без граници според слободата на изразување е во балканскиот просек, па новинарите треба да продолжат да се борат за да ја подобрат оваа позиција.

Според новинарот Џелал Незири сѐ уште постои т.н. медиумски клиентелизам. Сепак, тој смета дека состојбата со слободата на медиумите во земјава е значително подобрена последниве неколку години.

Но, она што во иднина треба да се отвори како тема и да се дебатира за него е финансиската независност, доволниот финансиски капацитет за да се брани и употребува оваа слобода. Бидејќи се знае дека без финансиска независност не можеме да зборуваме за целосна слобода на медиумите.“-истакна Џелал Незири, новинар.

Министерот за здравство, Венко Филипче, им се заблагодари на медиумите и медиумските работници за нивниот влог во справување со борбата со КОВИД-19. Тој смета дека медиумите професионално одговориле на предизвикот и останале на висина на задачата.

Паралелно со справување со пандемијата, светот се бори и со дезинформации и лажни вести кои во вакви услови можат да бидат поопасни и од самата пандемија. Од друга страна, точните информации и известувањето базирано на факти се лек за човештвото и единствен начин да се добијат големите битки“-рече Венко Филипче, Министер за здравство.

Оваа година Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува со глобалната кампања на Обединетите нации со фокус на „новинарство без страв и пристрасност“ во сè покомплексно медиумско опкружување обележано со дезинформации, лажни вести и разни форми на влијание.

АЛСАТ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button