ВЕСТИРЕГИОН

Словенечкиот парламент ќе гласа за доверба на владата

Словенечкиот парламент денеска треба да донесе одлука за предлогот на опозицијата за недоверба на владата на Јанез Јанша. Опозициските лидери во средата поднесоа иницијатива за недоверба на владата и назначување на претседателот на Демократската партија на пензионери Карл Ерјавец за нов премиер.

Advertisements

Опозицијата тврди дека сегашната влада лошо управува со епидемијата на коронавирус и ѝ штети на државата затоа што нејзината надворешна политика се оддалечува од либерално-демократското јадро на ЕУ и ги крши принципите на владеењето на правото и ги поткопува институциите за надзор.

Јанша ги отфрли критиките и рече дека неговата влада сè уште има парламентарно мнозинство и дека тоа ќе биде потврдено. Тој ја обвини опозицијата за дестабилизација на земјата за време на пандемијата на ковид-19 пред почетокот на претседателството на Словенија со ЕУ, во втората половина на годината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button