
Владата на Словенија одлучи да го прогласи понеделник, 14 август, за ден на солидарноста. Граѓаните ќе добијат слободен ден за да помогнат во санирањето на штетите од поплавите.
Премиерот Роберт Голоб рече дека земјата сака да го заврши тешкиот период во духот на солидарноста и дека луѓето ќе добијат слободен ден за да им помогнат на познаник, сосед, пријател и на сите погодени од големите поплави, пренесе СТА.
Во видео-обраќање објавено на Инстаграм, Голоб рече дека во последните денови има многу иницијативи и предлози од граѓаните во врска со катастрофалните поплави, а еден од нив е да се прогласи 14 август за слободен ден за сите.