Словенија е најчеста дестинација за работниците од нашата земја
Словенија е најчеста дестинација за работниците од нашата земја

Условите за работа, ниските плати, но и за подобар живот, се дел од причините поради кои работниците ја напуштаат државата. Словенија е најчеста дестинација за работниците од нашата земја кои бараат работа како возачи на автобуси, медицински сестри, но и работа во гастрономијата и градежништвото. До декември оваа година, Словенија додели околу 3.600 работни дозволи на работници од Македонија. Во 2023 година се издадени или продолжени дозволи за престој и работа на 4.400 граѓани на Северна Македонија. Оваа бројка е зголемена за 1.000 работници повеќе во однос на претходната година. Ова денеска го соопшти Анка Роде, раководител на Секторот за миграција во Службата за вработување на Словенија, која рече дека на Словенија и се потребни работници од различни области и токму поради оваа причина, саемот се организира во Скопје.
“Семинарот беше овде и минатата година и тие веќе имаат искуство да регрутираат работници овде и од она што го разговаравме и работниците и работодавачите се задоволни. Работодавците се добар пример за работодавци кои им помагаат на работниците на сите начини, професионално, и не само за дозволи за престој, туку помагаат и за наоѓање станови, лиценци. Се грижиме за фер регрутирање и нашата цел овде е да ги информираме работниците за животот и работата во Словенија, не само за вработувањето, туку сакаме нашите работодавци да знаат дека работници доаѓаат овде, а не машини“, рече Анка Роде, Раководител на Одделот за миграција во Службата за вработување на Словенија.