
Словенија планира да свика вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за тензиите меѓу Израел и Либан на барање на Франција, јави словенечкото издание на регионалната телевизија Н1.
Словенечкото МНР попладнево ќе го повика и израелскиот амбасадор во Љубљана.
Франција, која е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, вчера повика на итен состанок на Советот поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Либан.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро повика да се избегне регионален конфликт. Словенија, која е непостојана членка на Советот за безбедност, во моментов претседава со Советот.
Се очекува состанокот да се одржи денеска.