ВЕСТИСВЕТ

Словенија официјално ја призна Палестина

Словенечкиот парламент синоќа со мнозинство гласови го одобри признавањето на Палестина.

Пратениците од владејачкото мнозинство го отфрлија барањето на главната опозициска партија, десничарската Словенечка демократска партија, која побара референдум по однос на прашањето за признавање на палестинската држава, што потенцијално можеше да го одложи гласањето во парламентот.

Advertisements

Признавањето на Палестина го поддржаа 52 пратеници од 90-члениот парламент. Ниту еден пратеник не се изјасни „против“, а останатите народни избраници не беа присутни на гласањето.

Веста за признавањето на палестинската држава на својот профил на Икс ја објави словенечката министерка за надворешни и европски работи, Тања Фајон. Оцени дека ова е историски важен чекор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button