СПОРТ

Словенија, со 90 олимпијци на Летни Oлимписки Игри 2024!

Словенија, земја со околу 2 милиони жители, на престојните Летни Oлимписки Игри 2024 ќе биде со рекордни 90 олимпијци. За земја која традиционално ги негува зимските спортови, ваков пробој на атлетите на ЛОИ е огромен исчекот и потврда на системската работа која постои во најразвиената земја од поранешна Југославија.

Advertisements

Словенечката експедиција во Париз патува без најголемата ѕвезда, Лука Дончиќ, откако потфрли кошаркарката репрезентација, но на 33. Олимписки игри, сепак, ќе бидат со 90 спортисти што е најголем број за нив досега во историјата. Во 17 спортови ќе ја претставуваат, 46 машки и 44 женски натпреварувачи.

Досега во историјата Словенија има 76 одликувања од Олимписките Игри. Најпознато име за Париз е велосипедистот Тадеј Погачар, а големи се очекувањата и од нивните одбојкарски селекции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button