ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случаите на Дрин Ахмети, со месеци без разврска

Случаите на Дрин Ахмети, со месеци без разврска

Основното јавно обвинителство веќе четири месеци не може да провери и да обезбеди докази за случајот со Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, осомничен за нелегална трговија со пиротехнички средства. Тој беше уапсен од полицијата вечерта на 30 декември 2023 година.

„Во случајот со пиротехничките средства, се преземаат мерки за проверка и обезбедување докази“, рече Основно јавно обвинителство.

Обвинителството не дава детали што е направено со вештачењето на пиротехничките средства, кое беше започнато во јануари годинава, со цел да се докаже можното кривично дело.
При полициска проверка во Скопје на 30 декември беше запрено возилото на Дрин Ахмети и во неговиот „Ренџ Ровер“ со албански регистерски таблички, му беа запленети околу 750 парчиња пиротехнички средства, чија вредност на пазарот достигнуваше неколку илјади евра.
Во овој случај имаше реакции и од опозициските партии, посочувајќи дека случајот со Дрин Ахмети докажува дека семејството на лидерот на ДУИ е вклучено во пиротехничкиот бизнис, што беше категорично демантирано од ДУИ.

Дрин Ахмети, стана познат во јавноста откако беше обелоденето дека е сопственик на 39% од акциите на Трговскиот центар Соравија во Скопје. Иако вредноста на акциите чини неколку милиони евра, Дрин Ахмети рече дека станал сопственик на акциите без да вложи ниту денар. Неговото појаснување беше дека заедно со неговиот деловен партнер од Албанија, Владимир Пјетер Ѓока, ја купиле Соравија преку кредитна линија која му ја доеврила банката. За сомневањата околу продажбата на Соравија, Антикорупциска отвори случаи,но епилог се уште нема. Освен тоа, Обвинителството за организиран криминал и корупција најави дека ќе го истражи случајот, но предметот се уште е во предистражна фаза. Во меѓувреме Дрин Ахмети се повлече од челната позиција од компанијата Тор преку која ги купи акциите во Соравија./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button