ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „Ласкарци“ – Семејствата на починатите против одлуката на Судот

Советот на судии на Кривичниот суд одлучи да се прави супер вештачење за сообраќајката кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 38 беа повредени кога се преврте автобус на Дурмо турс. За семејствата на починатите патници, ваквата одлука е скандалозна, зашто супер вештачењето ќе ја одложи постапката и правдата ќе биде задоцнета.

Advertisements

„Ние сметаме после толку години дека ова е само одбегнување на правдата. Ова за семејствата што ги изгубиле своите најмили во тешката сообраќајка е дополнителна траума и невидена болка. Сметаме дека не смееше ова денеска да се случи, оваа ваква одлука на судечкиот совет што го води овој предмет“, рече Благојче Трпевски, татко на починатиот Јовица Трпевски.

Адвокатите на обвинетите, пак велат дека со супер вештачењето ќе се утврдат реалните факти за сообраќајната несреќа, зашто на судењето биле презентирани три различни вештачења.

„Имаме три различни вешти наоди и мислења. Една е од страна на обвинителството, друга од страна на шестообвинетиот и трета од страна на техничкиот советник на првообвинетиот. Тие се тотално различни во одредени сфери за причината на настанување на сообраќајната незгода. Единствено нешто и единствено правилно што можеше да направи првостепениот суд е да определи супер вештачење“, рече Сашко Дуковски, адвокат.

Страотната несреќа се случи на 13 февруари во 2019 година и наскоро ќе се навршат три години од трагедијата. А пресуда се уште нема. Супер вештачењето ќе го прават професори од техничкиот факултет од Скопје и Битола, но не се знае колку овој процес може да трае. Судскиот процес во кој се обвинети шест лица – меѓу кои газдата на Дурмо турс и возачот на автобусот беше во финална фаза.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button