Случај „Мијалков“, Адеми: Системот „куца“, има протекување на информации

Пратеникот на ДУИ во вечерашната емисија „Патот кон…“ на Алсат, рече дека случајот со бегството, а потоа и појавувањето на Мијалков во обвинителството јасно покажува дека системот „куца“. Според него, постојат одредени кругови во судството што со своите одлуки имаат тенденција да создадат одредени тензии во земјата.
„Кога зборувавме за ветинг, верувам дека господинот Реџепи ќе се согласи дека има одредени кругови во Обвинителството и во судовите кои со своите одлуки ќе ги наречам скандалозен обид да создадат одредени тензии во земјата и нема мир, безбедност и стабилност во оваа земја. Со исклучок на политичарите, ние сме првата политичка партија која со конкретен акт, предлог-закон, од последниот парламентарен состав побаравме и бараме ветинг. Ги замолувам пратениците од опозицијата да нѐ поддржат и да го усвојат тој предлог-закон. Што се однесува до системот, дали тој е функционален или не, сите видовме дека системот слабее, дури и во последниот случај, но и во најновите случувања поврзани со бегството и не успеа да го фати г. Мијалков на време … Секако таму имало проток на информации, за промена на мерка за безбедност на обвинетиот“, рече Арбер Адеми, ДУИ.