ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „Трезор“ – Одбраната на Мијалков побара ослободување на обвинетите

Адвокатите на обвинетите Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ побараа судот да ги ослободи од вина во случајот „Трезор“ кој е за набавка на опрема за прислушување. Одбраната во завршен збор посочи дека нема докази дека претставници на фирмата „Финзи“ од Скопје биле во Англија за да договораат набавка на систем за прислушување за УБК. Компанијата од Велика Британија ја избрала „Финзи“ да биде дистрибутер на опремата во земјава. Дополнително, одбраната на Мијалков тврди дека краен сопственик на компанијата „Финзи“ во Америка е семејството Камчеви, а Мијалков не бил поврзан со истата.

„Сашо Мијалков не презел ниту едно дејствије кои ги содржи елементите на кривичното дело злоупотреба на службена положба. Не постои ниту еден доказ дека штетата на буџетот на Македонија овозможил правното лице „Финзи“ да стекне било каква имотна корист“, рече Петар Василев, адвокат.

Адвокатите уште еднаш во завршен збор посочија дека бившите обвинители од СЈО не смееле да го застапуваат обвинението.

„Застапниците на обвинителниот акт кои се обвинители во обвинителството Скопје не се надлежни да го застапуваат предметот од причина зашто единствено стварно надлежен да постапува е јавниот обвинител од обвинителството за организиран криминал и корупција“, рече Љупчо Шврговски, адвокат.

Обвинетиот Тони Јакимовски рече дека нема вина за делото помагање. Раскажа што се случило кога прв пат бил во СЈО во 2017 – та година.

„Обвинителите пробаа да ми наметнат дека треба да бидам сведок и да сведочам против денеска обвинетите, а по мое одбивање ми запретија дека во тој случај и јас ќе бидам обвинет“, рече Јакимовски.

За уништување на опремата за прилсупување му се суди и на Горан Грујевски кој избега во Грција. Тој заедно со Мијалков и Стајковиќ е обвинет за злоупотреба на службената положба, додека Јакимовски за помагање. Според обвинителството, со набавката на опрема за прислушување преку Финзи, а не директно преку МВР, направена е штета на буџетот од над 800 илјади евра.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button