ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случајот „Алфа“ би можел да се врати на повторно судење по 24 февруари

На 24 април ќе му се суди на Алмир Дрпљанин, осуден на 20 години затвор во случајот „Алфа“. Апелациониот суд мора да одлучи по жалбата на одбраната која тврди дека Дрпљанин не е вмешан. Со затворањето на ова рочиште се исполнети условите предметот „Алфа“ врз основа на вештачење да оди на повторно судење. Истото го очекува и адвокатот Асмир Алиспахиќ.

Advertisements

Според адвокатот, вештачењето докажува дека осудените лица се невини и оти Кривичниот суд треба да одлучи предметот да се врати на повторно судење.

Во моментов, Кривичниот суд чека комплетирање на случајот со одлука на Апелација и процесуирање на предметот „Алфа“ врз основа на нови докази, поточно вештачењето кое го подготви одбраната, а во кое се констатира дека осудените лица не се поврзани со случајот. Во вештачењето изготвено во Србија, излегува дека лицата од видео-снимката врз основа на која беше поднесено обвинението за убиството на полицаецот во 2008 година во Скопје, воопшто не се совпаѓаат со физичкиот изглед на осудените на доживотен затвор, Агим Ислами и сега покојниот Реџаил Ќерими, ниту пак со Алмир Дрпљанин и Рамадан Шаќири кој е осуден на со 9 години затвор за логистика.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button