ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случувањата на Блискиот исток во фокус на вечерашната емисија „200“ на Алсат

Светот со недели го тресе сериозната ситуација во Појасот Газа и Израел по нападите на Хамас. Реакциите пак, се разликуваат од оние на пошироката јавност и оние на функционерите. Во анализата на овие реакции Идавер Шерифи, директор на порталот „Албеу“ и универзитетски професор, вели дека широкото мислење е повеќе пропалестинско. Страшното насилство и големиот број жртви во Палестина не можат, а да не го свртат мислењето против Израел. Новинарот за надворешна политика Франко Егро од Еуроњуз Албанија, вели дека нападите на Хамас во Израел личат на оние на ИСИС и нагласува дека земјите во регионот ја поддржуваат линијата на Западот, кој го нагласува правото на Израел на самоодбрана. Ова се дел од поентите искажани во емисијата „200“ што ќе се емитува денеска во 18 часот на Алсат. И двајцата соговорници се согласија дека меѓународните случувања ќе се одразат и во нашиот регион, особено во односите меѓу Косово и Србија.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button