ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Слупчане во мрак – жителите пак ги блокираа екипите на ЕВН

Жителите на Слупчане не им дозволија на вработените во ЕВН да почнат со работа за модернизација на електричната мрежа во оваа населба. Штом ги забележаа екипите на ЕВН, дел од жителите се собраа и им ја попречија работата. Потоа го блокираа и влезниот пат кон селото.

Advertisements

Алсат застана на влезот од селото но некои од жителите се приближуваа неколку пати и ни се заканија да си одиме.

„Земи ја камерата, оди, оди како медиум, не прави пропаганда. Оди, да не правиме некој проблем…“

„Затвори, оди. Само да викнам на глас, 100 луѓе ќе дојдат одеднаш“…

„Оди, да не ги викнам…“, велеа жителите.

Жителите на село Слупчане попладнето извадија дел од трафостаниците, ова за медиумите го потврдија од ЕВН, кои додаваат дека поради тоа некои села во Ликовско останале без струја.

„Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце се уште се соочуваат со прекин во снабдувањето поради сериозниот дефект. Дефектот во снабдувањето со електрична енергија во село Слупчане е резултат на континуираното незаконско користење на електрична енергија. За жал, зафатени се и некои од селата во Липково кои се соочуваат со прекини во снабдувањето. Екипите за електро-дистрибуција при вршење на редовни работни активности или санирање на дефекти во ова село често се соочуваат со вербални и физички напади. Истото се случи и денеска“, рекоа од ЕВН.

Ова е втор дефект од ваков обем во Слупчане кој предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија во околните села. Жителите на Слупчане упатиле неколку барања до ЕВН, а дел од нив се мерачите да не се поставувале надвор од куќите, ЕВН да им ги прости сите долгови , цената за броилата да не биде повисока од 6000 денари, едно семејство да не плаќа повеќе од 3000 денари за струја без разлика колку киловати користи, како и некои други барања.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button