ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Сме имале ли заедничка историја со Бугарија? Еве што вели Мицкоски

Со Бугарија сме имале заедничка историја, но како различен народ, рече во одговор на новинарско прашање лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што додаде тој, заедничка историја сме имале и со други држави, но повторно, како различен народ.
„Како различен народ, како Македонци и Бугари – да, имаме заедничка историја, како различен народ. Исто како што сме имале заедничка историја и со Хрватите и Словенците. Но, како различен народ во иста држава, којашто тогаш функционирала на ниво на федерација“, рече Мицкоски.