ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Сметката за преземената струја ќе стигне наредната недела – МИЛИОНСКИ износ за наплата!

Европската енергетска мрежа следната недела ќе ја испрати фактурата за ненајавеното користење на електричната енергија од преносниот систем. Сметката ќе стаса на адреса на МЕПСО. Властите од земјава очекуваа порано да ја добијат сметката, но од Европа им стасал допис во кој стои дека се уште се правеле пресметките, колку струја била повлечена и по која цена ќе биде тарифирано.

„Кога ќе ги соберат сите податоци од преносните оператори прават пресметка и фактура. Еден преносен оператор не пратил податоци и затоа доцнат со пресметките и фактурата“, наведуваат од МЕПСО.

Од државната енергетска компанија за Алсат велат дека засега немаат најави дека освен потрошената електрична енергија, земјава ќе треба да плаќа и казнени пенали. Такви беа првичните најави кои пристигнаа од Европската енергетска мрежа, од каде потенцираа дека ќе бараат од Македонија да плати еден милион евра на ден во кој без најава се влечело струја од преносните системи.

Пресметките на директорот на Мепсо Куштрим Рамадани се дека Европската енергетска мрежа ќе бара да и се платат околу 20 милиони евра. Од МЕПСО потврдија дека од Владата веќе добиле дел од помошта која беше најавена од државната каса наменета за справување со енергетската криза. На сметката на оваа енергетска компанија се легнати нешто над 16 милиони евра, средства со кои ќе треба да се покријат дел од загубите на МЕПСО. Државата досега префрли и 32 милиони евра во ЕСМ.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button