

Алсат
09.06.2020 08:34
За здрав и енергичен почеток на денот предлагаме да го пробате овој вкусен пијалок со кафе и банана.
Вкусното кафе ќе ве разбуди, а бананата ќе ви ја даде потребната енергија за супер почеток на претстојниот викенд.
Еве ги потребните состојки за подготовка на енергичниот пијалок.
Состојки:
– 180 мл кафе- (оладено)
– 1 замрзната банана
– 120 мл јогурт
– 1 лажичка агава сируп
– неколку коцки мраз
Подготовка:
Во блендер ставете ја бананата и додајте го јогуртот, веќе оладеното кафе и лажичката сируп.
Сите состојки миксирајте ги додека не добиете хомогена смеса. Додадете неколку коцики мраз, колку што е потребно за да постигнете одредена густина.
Смути пијалокот може да го декорирате со парчиња банана и зрна од свежо кафе.
Доколку одбегнувате употреба на коефин, користете кафе без кофеин.
Уживајте во новиот ден!