
Снежната покривка на места достигна и над 60 сантиметри. Најмногу снег има на Попова Шапка и во Маврово. Снегот ги предизвика вообичаените проблеми.
Блокирани се одредени делници, а на места е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.
Блокирани се и некои планински села, а недостатокот на електрична енергија е пријавен и поради пад на електричните столбови.
Од Министерството за транспорт информираат дека дежурните екипи на Јавното претпријатие Македонски патишта, биле на терен во текот на целата ноќ, додавајќи дека сообраќајот се одвива во зимски услови.
„Услугите на Јавното претпријатие Македонија пат, со сета механизација и работна сила, продолжуваат да го отвораат патот за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта. Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за возење во зимски услови и да имаат зимска опрема за своите автомобили, да се движат внимателно и да ги почитуваат знаците поставени на сообраќајот“, велат од Министерство за транспорт.
Според Центарот за управување со кризи, во последните 24 часа, на бројот 112 за итни случаи имало над 1.700 телефонски повици за пријавување на паѓање на дрвја, паѓање на столбови и кинење на жици од електродистрибутивната мрежа. Барањата за нивно решавање се проследени до надлежните служби и институции.
Како што информираат од Хидрометеоролошкиот завод, утре во дел од земјава се очекуваат врнежи од снег и ниски температури кои ќе се спуштат и под -10 степени./Алсат.мк
Авни Тахири