ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снег падна во делови од државата

Значителниот пад на температурите ги донесе првите снежни врнежи во планинските области во земјата. Врнежите почнаа синоќа, а дебелината на снежната покривка на Попова Шапка, Маврово и Стража, достигна близу 15 сантиметри. Екипата на Алсат беше на Попова Шапка. Врнежите од снег продолжуваат, патиштата се проодни, но на некои места има потешкотии.

Поинаква е ситуацијата во делот на Стража. Таму има забрана за сообраќај на тешки возила.

Центарот за управување со кризи објавува дека има отежнато движењето од Крива Паланка во должина од 3-5 километри, кон граничниот премин „Деве Баир“. Во меѓувреме, одговорните за автопатиштата веќе презедоа акција за чистење на патиштатата на критичните точки. Од овој Центар, апелираат возачите да бидат внимателни и да се придржуваат кон сообраќајните правила, бидејќи дождот и снегот продолжуваат да паѓаат и во други региони.

Од Хидрометеоролошкиот завод предупредуваат дека дождот во низините и врнежите од снег во планинските области ќе продолжат и во наредните денови, а ќе бидат придружени со студени ветрови. Максималните температури ќе достигнат до 10 Целзиусови степени.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button