ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снегот и ниските температури го уништија родот на црешите и кајсиите

Снегот и ниските температури го уништија родот на црешите и кајсиите

Годинава нема да имаме кајсии од локално производство, додека црешите од земјава ќе се продаваат по многу висока цена на пазарот.

Advertisements

Поради намалувањето на температурите и априлскиот снег, многу земјоделци кои ги одгледуваат овие две земјоделски култури, годинава ќе се соочат со огромни загуби.

Цветовите на кајсиите се целосно исушени од студот, додека цветовите на црешите се делумно оштетени, но стравот на одгледувачите е дека ако студот продолжи, тогаш нема да има ниту домашни цреши на пазарот.

Од Министерството за земјоделство се бара барем да им се надоместат трошоците за да можат да продолжат со производство на домашни земјоделски култури.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button