ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снегот ја блокираше Македонија, Гостивар-Стража забранет за сите возила

Поради обилни врнежи од снег од 16 часот целосно е затворен за сообраќај патниот правец Гостивар-Стража, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. На делницата Градско-Прилеп, кај превојот „Плетвар“ и обратно има забрана за движење на тешки товарни возила, исто како и кон граничниот премин „Деве Баир“ со Бугарија. Кон Стража попладнево голем број возила останаа заглавени поради снегот на патот, а проблеми со движењето има и кон Маврово-дебар, како и кон Попова Шапка за каде е задолжителна употребата на синџири.

Од надзорните камери на патарините може да се забележи дека и во овој момент голем дел од нив, особено во западниот, северниот и североистичниот дел на земјава, има остатоци од снег на асфалтот.

Посебно внимание возачите треба да обратат доколку се движат по регионалниот пат кон Дебар по долината на Радика. Коловозот е многу лизгав, а можни се и одрони. Попладнево камион-цистерна се излизга на патот Гостивар – Маврово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button